Во најинтересното финале на првиот натпреварувачки ден на Светското првенство во атлетика во сала во Глазгов, трката на 60 метри за мажи, светскиот рекордер во оваа дисциплина, Американецот Кристијан Колман славеше пред својот сонародник Ноа Лајлс.
Во финалето Колман го истрча најдобриот резултат оваа сезона во светот од 6,41 секунди, три стотинки побрзо од вториот Лајлс и пет побрзо од третиот Јамајканецот Аким Блејк.
A 60m final never disappoints 😮💨
🇺🇸’s @__coleman reclaims his crown in a world-leading 6.41 👑#WorldIndoorChamps pic.twitter.com/XFqywA4awt
— World Athletics (@WorldAthletics) March 1, 2024
Кај жените, златото во скок во височина го освои Австралјката Никола Олислагерс со скок од 1,99 метри пред големата фаворитка Јарослава Махучих од Украина која прескокна 1,97 м, додека Словенката Лиа Апостоловски стигна до бронзата со 1,95 м.
Во петбојот титулата ја одбрани Белгијката Нор Видс со 4773 поени, а двократниот олимписки победник и двократен светски шампион на отворено во фрлање ѓуле, Американецот Крузер, ја освои својата прва титула во сала со фрлање од 22,77 метри.