Се по старо: Верстапен ја почна сезоната со убедлив триумф

232

Светскиот шампион во Формула 1, возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, триумфираше на  премиерната трка од новата сезона која денеска се возеше за Големата награда на Бахреин.

Трикратниот светски шампион на патеката „Сахир“ ја постигна осмата победа во низа, а 55-та во кариерата, откако водеше од почеток до крај, со најбрз круг на трката.

Втор заврши неговиот тимски колега Серхио Перес, кој заостануваше околу 20 секунди на целта, додека на третото скалило на подиумот беше Карлос Саинц јуниор од Ферари.

Покрај доминацијата на Верстапен, првата трка сезонава ја одбележа и инцидент на стартот, во кој имаше контакт меѓу возачот на Хаас, Ник Хилкенберг и Строл. Хилкенберг го направи најголемото изненадување во квалификациите, но по лошиот старт, погреши и го удри Канаѓанецот, поради што и двајцата завршија предвреме.

ПретходноКожув по седум меча, конечно, победи
СледноПремиерлига: Ливерпул во 99. минута за победа во Нотингем, Тотенхем славеше со пресврт (ВИДЕО)