Сопственикот на Нотингем влегол на теренот и ги нападнал судиите по поразот од Ливерпул

412

Нотингем Форест загуби од Ливерпул со 0:1 во меч од Премиер лигата, а погодокот го постигна Дарвин Нуњез во 99 минута. Иако главниот судија го продолжи мечот за осум минути, сепак, дозволи уште некоја секунда повеќе и токму тогаш падна голот за победа на „црвените“.
Но тензично било по завршување на мечот кога целата клупа на Нотингем влезе на теренот, а судијата Пол Тирни се размавна со картони поради приговор. Судијата речиси на сите од клупата им покажа жолт картон, а го исклучи помошниот тренер Стивен Рид. На теренот влегол и сопственикот на Нотингем, Евангелос Маринакис кој како што тврдат англиските медиуми вербално ги нападнал судиите. Ги пцуел и им викал се до нивната соблекувална, а не е познато што таму се случувало.

ПретходноНапаѓач на Реал го менува државјанството и ќе игра за африканска репрезентација
СледноРибери ќе биде тренер во Баерн (М)