Екипата на Фиорентина одигра без голови на гостувањето кај Торино во 27.коло на Серија А. Торино имаше поништен гол во 39 минута кога Запата погоди, а судијата со помош на ВАР одлука го поништи поради претходен фаул. Торино во второто полувреме играше и со фудбалер помалку.
Фиорентина е на седмото место со 42 бода, а Торино е три места подоле со 37.
Овој меч е интересен и поради нешто друго. Тренерот на Фиорентина, Винченцо Италијано ја прекина серијата од 141 меч на кој именува различна стартна постава. Тој е еден од најнепредвидливите кога станува збор за изборот на првите 11 за натпреварите, па ете по 141 меч по ред Италијано излезе со истиот состав со кој настапи во претходното коло и победата над Лацио.
Инаку, севкупно со се денешниот меч Италијано со Фиорентина има 70 победи, 28 ремија и 44 порази во сите натпреварувања.