Хорор-повреда во Ла Лига: Со отворен ѓон го удри во глава својот соиграч (ВИДЕО)

1366

Во рамките на 27. коло во шпанското првенство, фудбалерите на Селта забележаа минимална победа против Алмерија, но резултатот остана во сенка на хорор-повредата која ја заработи еден од фудбалерите на Алмерија.

Имено, во еден момент играчот на гостинската екипа Марк Пубил тргна со лизгачки старт кон противнички фудбалер, но во невнимание со отворен ѓон го повреди својот соиграч Лука Ромеро, кој беше удрен со крампоните во глава.

Несреќниот фудбалер заврши на носилки, по што бил пренесен во болница на лекарски прегледи. За среќа, констатирано е дека нема скршеница, но имал големи болки во пределот на вилицата. Се уште не е познато колку време ќе биде надвор од терените.

ПретходноСаудиска Арабија засега нема да биде домаќин на СП
СледноВМФЛ: Беса и Пелистер си газат, Детонит со пораз