Штутгарт победи во Волфсбург и му „дише во врат“ на Баерн

60

Екипата на Штутгарт продолжува со добрите настапи, а денеска во 24.коло е совладан Волфсбург на гости со 2:3. Со тоа „швабите“ ги одржуваат шансите за излез во Лигата на шампионите и што е поважно му „дишат во врат“ на второпласираниот Баерн кој има четири бода повеќе.
Штутгарт водеше на полувреме со гол на Гираси во 14 минута, во второто полувреме паднаа четири гола. Прво изедначи Меле, а четири минути подоцна Гираси од пенал повторно го врати Штутгарт во водство.
Во 78 минута Вагноман зголеми на 1:3, а домашните намалија во 83 минута преку Нмеча.
Волфсбург е на 13. позиција и се уште нема победа во 2024 година (шест ремија и два порази).

ПретходноМЗТ Скопје преку Вардарки до Куп финалето!
СледноЛутон пружи силен отпор, но Астон Вила ги однесе бодовите