Поранешниот македонски селектор, Данило Брестовац продолжува со одличните резултати во Саудиска Арабија. Најнова „жртва“ на нашиот тренер и неговиот Ал Сафа за пласман во полуфиналето Купот е Ал Хада.
Станува збор за тим кој нема пораз оваа сезона во тамошниот шампионат и за кого настапува Вуко Борозан. Па првиот го запиша токму од Ал Сафа на Брестовац, славеа со убедливи 26-21 за пласман во финалето. Противник за првиот пехар во Саудиска Арабија нa Брестовац и неговиот помошник Алексо Лембанов, ќе биде Азискиот шампион Ал Калеј.
За потсетување, пред неполн месец, тимот на Брестовац успеа да му го нанесе првиот пораз на овој тим после една година.