Кошаркарките на МЗТ Скопје Аеродорм ќе го бранат трофејот во националниот Куп освоен лани, на истото место во СРЦ „Кале“ во Скопје. Во полуфиналето по голема борба беа подобри од Вардар со 69:64. Во финалето тимот од Аеродром ќе игра проитв Баскет Кам.
Митева со 22 и Томас со 19 поени беа најзаслужни за победата на аеродромки, додека за поразениот тим се истакна Кејтлин Матје со 20 поени.
Во самиот финиш Петровска (нејзини шест поени) успеа на МЗТ Скопје да му донесе водство од 64:58. Матие намали на (62:64). По двете реализации на двете страни, на 11.1 секунди пред крајот, резултатската предност беше на „сино-белата“ страна (66:64). Митева се избори за две слободни фрлања. Го погоди првото, не и второто. Но затоа пак ја освои одбиената топка, и од истото место, постави недостижни (69:64).