Иако имаше најави дека Саудиска Арабија би можела да биде домаќин на Светското првенство во 2029 или 2031 во машка конкуренција, сепак тоа нема да се случи. Земјата која се обидува да го подигне нивото на спортот, секако преку својата финансиска моќ, привлекувајќи бројни познати играчи, особено во фудбалот, ќе почека за една ваква организација.
ИХФ и официјално ги потврди кандидатите, СП 2029 ќе се одржат во Данска/Исланд/Норвешка, додека пак СП 2031 во Франција/Германија. Кое првенство каде ќе се одржува ќе дознаеме во април.
Што се однесува до женските Светски првенства во 2029 и 2031, Шпанија е единственио кандидат за СП 2029, а Полска и Чешка единствените кандидати за домаќини во 2031.