Анчелоти: Што да кажам, ова е невидено!

428

Карло Анчелоти го коментираше ремито 2:2 на неговиот Реал Мадрид против екипата на Валенсија во натпреварот од 27. коло на шпанската Ла Лига.

Натпреварот заврши со огромен скандал. Во 97 минута Модриќ изведе корнер, топката беше исфрлена но акцијата продолжи, а потоа топката беше уфрлена во шеснаесетникот на Валенсија и во мешаницата Белингем погоди. Сепак судијата Жил Манцано го поништи голот со објаснување дека пред да биде нафрлена топката свирнал крај. Белингем збесна и доби црвен картон.

„Што да кажам… нема многу да се каже. Се случи нешто невидено. По одбиената топка ја добивме топката и мислам дека натпреварот требаше да заврши кога Валенсија ќе ја преземе контролата. Црвениот картон на Џуд. Тој само му кажа на судијата: Тоа е *бан гол!“, беа зборовите на Анчелоти по мечот.

ПретходноРакометарките во нова пресметка со „фуријата“ во евро-квалификациите!
СледноМЗТ Скопје по втор, или Баскет Кам 2011 по трет пат?