65. “црвено – црно “дерби: Под Шара ќе “ГОРИ“…Шкендија VS Вардар!

573

Попладнево од 14 часот на Градскиот стадион во Тетово, во меч од  21.коло во ПМФЛ се среќаваат Шкендија и Вардар. Тоа ќе биде 65.“црвено – црно“ дерби. Тоа ќе фудбал за уживање, под Шара ќе “ГОРИ“, секогаш е така кога доаѓа нашиот најтрофеен клуб без разлика дали се бори за врвот или за опстанок.

Во изминатите 64 дуели меѓу овие две екипи Шкендија има 26 победи, Вардар 23 а 15 пати било нерешено.

Се најавува и голема посета на трибините, одамна Вардар нема гостувано под Шара, па затоа фановите на Шкендија едвај чекаат да започне овој меч.

Познато е, на Шкендија и треба победа по секоја цена во битката за титулата, на Вардар и бод ќе биде голем како Шара, за победа, која ја чека 6,5 години да не говориме.

Нема слика

Во пресрет на ова дерби свој коментар има Бруно Дита, играчот за врска на Шкендија:

“Во една смирена атмосфера го очекуваме дербито. Јасно е дека тоа ќе биде тежок меч. Очекувам да славиме победа над Вардар и со тоа да ги израдуваме нашите навивачи. Максимално сме подготвени, секогаш било тешко да се игра против Вардар, така ќе биде и денеска. На крај да кажам дека и денеска како и секогаш очекувам да ја имаме поддршката од нашите верни фанови“ посочи Дита.

May be an image of 3 people, people playing soccer, people playing football and text that says 'B шкендила vs вардар эти март 14:00 градски стадион TETOBo I fkvardar'

ПретходноНе можеше без скандал – судијата свирна крај при центаршут по кој Белингем погоди за победа
СледноДенвер и Јокиќ му ја уништија историската вечер на Леброн (ВИДЕО)