Супер гол на Етеми за победа на Коњаспор (видео)

311

Македонскиот репрезентативец Валон Етеми го постигна вториот гол во победата на неговиот тим Коњаспор со 2:0 против Пендикспор на гости во рамките на 28 коло од турската Суперлига.

Нашиот офанзивец влезе во игра во 63 минута.

Во 74 минута шутираше од далечина неодбранливо за домашниот голман со што го трасираше патот до победата за Коња.

ПретходноЏорџина ги откри плановите на Роналдо
СледноНавивач им одржа лекција на фудбалерите на Дармштад по поразот од 6:0! (видео)