Жалбата е усвоена: На Рубљев му ги враќаат и парите и бодовите

5739

АТП ја усвои жалбата на рускиот тенисер Андреј Рубљев, кој е дисквалификуван во полуфиналето на турнирот во Дубаи. На Русинот ќе му бидат вратени одземените бодови и парите кои ги заработил на турнирот.
Рубљев беше дисквалификуван во третиот сет од полуфиналниот дуел со Александар Бублик затоа што наводно на руски јазик го опцул линискиот судија.
Линискиот судија, кој го разбирал рускиот јазик, му ги пренел зборовите на главниот арбитар на мечот. Тенисерот проба да објасни дека се жалел на недосуден аут и дека не рекол ништо навредливо. Супервизорот го дисквалификува Русинот за неспортско однесување.
Рубљев се жалеше и АТП му ја усвои жалбата и одлучи на тенисерот да му ги врати парите кои ги освои со пласманот во полуфиналето, како и бодовите па ќе го задржи петтото место на АТП листата.
Сепак, ќе мора да плати казна од 36.400 долари поради недолично однесување.

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 21.КОЛО: Чинари за еуфорија под Шара
СледноЗапочна поставувањето на рефлекторите на стадионот „Петар Милошевски“