Легендата на Челзи до Роналдо: Затни си ја муцката

1758

Поранешниот дефанзивец на Челзи, Френк Лебеф одлучи да го искритикува Кристијано Роналдо и неговите изјави дека квалитетот на француската Лига 1 е послаба од лигата во Саудиска Арабија.
„Се изнервирав кога го слушнав Кристијано Роналдо како вели дека саудиската лига е подобра од Лига 1. Што мислите, зошто тој ги дава овие коментари за Лига 1, а не за португалската лига? Секако дека го прави затоа што Лионел Меси игра(ше) во Лига 1. Многу го почитувам како играч, но треба да замолчи. Неправедно е за Лига 1. За мене Португалија е еден од фаворитите на европското во Германија. Мислам дека можат дури и да го освојат шампионатот, ако не игра Кристијано Роналдо“, коментира Лебеф.

ПретходноКоментар на 21.коло: Битката за титулата се вжештува, во долниот дел на табелата е пекол!
СледноРома ќе му даде долгорочен договор на Де Роси