Ливерпул го чека „пеколно“ лето: Заедно со Клоп си одат три ѕвезди

4773

Во последната сезона со Јирген Клоп на клупата, Ливерпул се бори за титулата англиски шампион, но сега пристигна вест која воопшто нема да ги израдува навивачите на овој клуб.

Англиските медиуми тврдат дека тројца првотимци заедно со Клоп летово ќе го напуштат тимот на Ливерпул.

Во јануари Клоп јавно изјави дека на крајот на сезоната ќе ја напушти клупата на Ливерпул и дека прво ќе замине на едногодишен одмор, а потоа ќе преземе друг клуб.

Така Англичаните тврдат дека три клучни играчи ќе си заминат од Ливерпул и тоа Ван Дијк, Мохамед Салах и Алисон Бекер.

Причината е што се свесни дека со кој било друг тренер не можат да остварат таква врска како што беше со Клоп.

Ван Дијк веќе призна дека не знае дали ќе остане дел од Ливерпул откако Клоп ќе си замине од клубот, а како што тврдат Англичаните тој е еден од играчите кои го напуштаат клубот.

“Многу работи беа извадени од контекст. Го сакам клубот, ги сакам навивачите. Посветен сум на Ливерпул”, изјави неодамна фудбалерот на Ливерпул.

Сигурно ќе биде многу интересно лето, барем кога станува збор за Ливерпул. Доаѓа нов тренер, а се очекуваат големи промени во тимот.

ПретходноГичевска: Да игравме вака во Скопје – сигурно ќе победевме!
СледноСтефан Ристовски му удри шлаканица на фудбалер на Осијек и остана неказнет! (ВИДЕО)