Надал и Алкараз приредија спектакл во Лас Вегас: Сите зборуваат за потезите на Рафа (ВИДЕО)

142

Шоу во Лас Вегас во режија на Карлос Алкараз и Рафаел Надал. По голема борба на егзибицискиот меч, победата ја извојува помладиот од 3:6, 6:4, 14:12. Во мечот кој беше наречен „Нетфликс слем“ славеше вториот тенисер во светот, иако и неговиот постар и поуспешен сонародник покажа феноменални потези.

Рафа го освои првиот сет, а потоа во третиот на спектакуларен начин ја спаси меч топката и брзо станаа вистински хит на социјалните мрежи. На сите им покажа дека не заборавил да игра и дека „огнот“ се уште е таму. Само да се опорави и да биде на ниво на кое може да игра тешки и исцрпувачки натпревари.

„Неговиот борбен дух е неверојатен. Тој никогаш не се откажува, трча до секој агол од теренот, погодува нереални шутеви. Промашив неколку меч топки пред да победам затоа што погоди неколку феноменални шутеви. Никогаш не се откажува и тоа е нешто што го пробувам да го вградам во мојата игра. Тој менталитет што го има, наоѓа решение и кога работите не функционираат, тоа е за восхит. Мислам дека секој во животот треба да размислува така“, изјави Алкараз.

 

ПретходноСтефан Ристовски му удри шлаканица на фудбалер на Осијек и остана неказнет! (ВИДЕО)
СледноГРК Охрид го промени врвот, сега Пелистер е лидер во плеј-офот!