Нестварен настап на Нуркиќ, никој нема „собрано“ толку скокови од 2010 година (ВИДЕО)

652

Феникс го запиша вториот пораз во низа, откако на домашен терен беше совладан од Оклахома со 110-118. Мечот го одбележа Јусуф Нуркиќ со настап каков што НБА-лигата нема видено до 2010 година.

Босанскиот центар го урна рекордот на Санс по бројот на скокови на еден меч. Против Оклахома имаше 31 скока. Ченлдер и Силас го држеа рекордот со 27 скокови. Оваа сезона никоја не фатил повеќе од 26 скока, па токму затоа Нуркиќ засега е рекордер.

Што се однесува до општиот рекорд, истиот е во сопственост на Вилт Чембрлен, кој запиша 55 скока на мечот против Бостон во 1960 гдоина. Инаку, НБА-лигата не памети настап како на Нуркиќ од 2010 година кога Кевин Лав имаше 31 скок.

Бостон го декласираше Голден Стејт со 140-88. Најдобрата екипа во лигата ја оствари и најубедливата победа во историјата, додека Вориорс го доживеаја најубедливиот пораз. Бостон на полувремето водеше 82-38, предноста од 44 поени разлика е најголема од кога постои франшизата.

Браун имаше 29 поени, на другата страна Стеф Кари не играше во второто полувреме и мечот го заврши со четири поени.

Резултати: Орландо – Детроит 113-91, Торонто – Шарлот 111-106, Кливленд – Њујорк 98-107, Сан Антонио – Индијана 117-105, Феникс – Оклахома 110-118, Далас – Филаделфија 116-120, Бостон – Голден Стејт 140-88, Минесота – ЛА Клиперс 88-89.

ПретходноНеверојатно: Вчера од 10-те голови во ПМФЛ дури девет беа дело на странци!
СледноПознато е колку треба да плати Барселона за да го ангажира Де Зерби