Играчот од средниот ред на италијанската фудбалска репрезентација и член на Сасуоло, Доменико Берарди (29) поради повреда на Ахиловата тетива ќе отсуствува од терените до крајот на годината, соопшти неговиот клуб!
Берарди ја заработи повредата минатиот викенд на натпреварот од Серија А што неговиот Сасуоло го одигра на гостувањето кај Верона. Тој ја напушти редбата во 60. минута и веднаш се виде дека се работи за тешка повреда.
Потврдата дојде неколку часа подоцна, кога клубот соопшти дека фудбалерот на италијанскиот прволигаш доживеал кинење на ахиловата тетива и дека на терените ќе се врати дури на почетокот на 2025 година. До крајот на оваа недела тој треба да оди на хируршка интервенција во Болоња, по што ќе следи период на рехабилитација од најмалку десет месеци.