ГРК Охрид го промени врвот, сега Пелистер е лидер во плеј-офот!

689

Дербито на четвртото коло во плеј-офот потврди дека оваа сезона не чека интересна битка за титулата и местата кои водат во Европа. ГРК Охрид, предводен од Стевче Алушовски го максимално го искористи своето искуство против младиот состав на Алкалоид (најдобар стрелец на мечот беше 17-годишниот Дамјан Митев) и му го нанесе првиот пораз на македонскиот вицепрвак оваа сезона.

Охриѓани со првата победа во пресметките со скопскиот состав направија промена и на табелата. Алушовски состави конкурентен тим со бројни странски имиња, кои на вчерашната средба беа клучни за победата од 30-26.

По четири одиграни натпревари, Пелистер е лидер во плеј-офот со четири победи во исто толку одиграни меча. Актуелниот бранител на титулата има 14 бода, два бода повеќе од Алкалоид, три од третопласираниот Охрид. Четвртото место и натаму му припаѓа на Тиквеш, кој има десет бода, додека Вардар е петти со девет бода.

Допрва ќе биде интересно во ова друштво, бидејќи веќе во следното коло не чекаат нови возбудливи натпревари. Дербито е во Автокоманда каде избраниците на Кирил Лазаров го пречекуваат Вардар 1961, меч кој е важен за двата тима.

ГРК Охрид му гостува на незгодниот Пролет, додека Пелистер ќе биде на нов тест во Кавадарци, Бутел Скопје е гостин во Струга.

ПретходноНадал и Алкараз приредија спектакл во Лас Вегас: Сите зборуваат за потезите на Рафа (ВИДЕО)
СледноСудии за ПМФЛ: Ставрев ќе им суди на Вардар и Работнички, меч кој се игра на Маџари!