Хрватскиот фудбалски сојуз се согласи сите дербија меѓу најголемите хрватски клубови и учесници во овосезонската жестока битка за титулата да ги судат елитни судии od Лигата на шампионите, пишува хрватски „Вечерњи лист“. Овој аранжман ќе биде обезбеден за натпреварите меѓу Динамо, Хајдук и Риека, а ќе трае до крајот на тековната сезона.
На овој начин, Хрватскиот фудбалски сојуз сака да постигне апсолутна регуларност и верба во најправеден можен исход на лигата.
Покрај оваа одлука, Хрватскиот фудбалски сојуз формираше посебна стручна комисија која ќе ги анализира спорните ситуации од јавното објавување на снимките од комуникацијата меѓу судиите на теренот и во ВАР-собата.