Централниот дефанзивец на Баерн Минхен, Матијас де Лигт изјави дека играчите на клубот мора да преземат одговорност за заминувањето на тренерот Томас Тухел на крајот од сезоната.
„Ние, играчите, сме одговорни за ситуацијата. Правиме сè заедно“, рече Де Лигт.
“Кога тренерот треба да си замине, тогаш и ние треба да кажеме дека не се снајдовме добро. Во овој хаос сме заедно и мораме да излеземе од него заедно. Затоа утрешниот натпревар е исклучително важен”, заклучи Холанѓанецот.