Фудбалерите на интер малку се помачија, но на крајот заслужено остварија нова победа во Серија А. Вечерва на домашен терен, момците на Симоне Инзаги со 2:1 славеа против жилавата Џенова и успеаја да го продолжат победничкиот ритам во кој се влезени долг период.
Аслани во 30. минута го отвори резултатот за 1:0, а само осум минути подоцна од белата точка Алексис Санчез ги доведе домашните и до 2:0. Џенова во вториот дел успеа да погоди преку Васкес во 54. минута и да намали на 2:1, но до крајот на средбата не успеа да направи изненадување.
Со оваа победа Интер веќе има 15 бода предност пред второпласираниот Јуве во трката за Скудетото.