Навивачите на Баерн дефинитивно се изненадени кој стана првиот кандидат за преземање на тренерската функција. Станува збор за човек кој нема големо тренерско искуство и досега не работел во „Лига на пет“.
Иако се веруваше дека Чаби Алонсо речиси сигурно ќе ја преземе работата на Баерн, доведувањето на Шпанецот на клупата стана доста комплицирано и во Минхен бараат други решенија.
Германскиот гигант не сака да биде доведен во ситуација да мора да го чека крајот на сезоната без тренерско решение за новата натпреварувачка година, а потрагата по наследникот на Томас Тухел е во полн ек.
По викендот се чини дека дојде до промена на фаворитите бидејќи се појави уште една опција, па наместо Алонсо, на клупата би можел да седне Арне Слот.
Слот на клупата на Феенорд седи од 2021 година и со овој клуб прави вистински чуда бидејќи во првите две сезони го предводеше клубот до третото и првото место во шампионатот.
Под негово водство поранешниот европски шампион игра атрактивен фудбал со висок пресинг и многу транзиција, што одлично им одговара на Баварците.
Овој 45-годишен тренер нема големо искуство, бидејќи пред Феенорд го водеше АЗ Алкмар, а преземањето на Баерн дефинитивно би било голема работа за него.
Сега ситуацијата би можела да се промени и наместо првата опција од Германија, а тоа е Алонсо, Баварците на крајот да ангажираат тренер од Холандија, т.е. Слот.
Пред неколку дена се појави вест дека најтрофејниот германски клуб ќе ја активира клаузулата и ќе му плати на Баер од 15 до 20 милиони евра за шпанскиот тренер, но работите изгледа се менуваат.