Килијан Мбапе го напушта ПСЖ и тоа е единствената вистинска работа за него, се чини, што може слободно да се заклучи врз основа на сето она што можевме да го прочитаме во најтиражниот француски весник Лекип.
Имено, овој весник денеска истакнува дека Килијан Мбапе бил окарактеризиран како „предавник“ од страна на ПСЖ.
Нивните извори наведуваат дека на Мбапе му било кажано дека „не може да му каже „не“ на Насер Ал-Келаифи и не може да му каже „не“ на Катар“.
Знаеме дека во Мбапе се вложи огромна сума на пари од ПСЖ, но тие не добија многу на теренот, со оглед на тоа што овој француски клуб не ја освои Лигата на шампионите, што е најголемата цел на Насер Ал Келаифи.
Во основа, Мбапе оди таму каде што повеќе му е местото, каде што ќе може да атакува на титулата европски првак, во Реал Мадрид.