Познато е колку треба да плати Барселона за да го ангажира Де Зерби

375

Чави Ернандез ќе ја напушти Барселона по завршување на сезоната, па каталонскиот клуб е во потрага по нов тренер кој ќе го замени.  Роберто Де Зерби се споменува за потенцијален наследник, меѓутоа постои проблем околу него. Италијанецот има договор со Брајтон до јуни 2026 година што значи дека Барселона ќе треба да плати отштета, а откупната клаузула за предвремен раскин изнесува 15 милиони евра.

Барселона во моментов не е во позиција да плати толку, а за да ја исполни целата клаузула ќе мора да ја намали таа сума или да продаде некој од играчите.

Неофицијално и Ливерпул пројавил интерес за Де Зерби во кого гледа наследник на Јирген Клоп.

ПретходноНестварен настап на Нуркиќ, никој нема „собрано“ толку скокови од 2010 година (ВИДЕО)
СледноТен Хаг по поразот: Можевме да победиме, нијанси решаваа!