Реал ќе се жали за црвениот картон на Белингем

485

Реал Мадрид планира да поднесе жалба против црвениот картон на Џуд Белингам кој го доби по завршувањето на мечот со Валенсија.

Англискиот играч за врска беше многу лут на судијата Хесус Хил Манзано, кој свиреше крајот во моментите кога Реал успеа да постигне и гол за победа.

Гостинските играчи го опколија судијата и силно протестираа во неверување на неговата одлука.

„Ова е гол, топката беше во воздух. Што е ова?“, му велеше Белингам на Манзано, поради што „поцрвене“.

Реал се надева дека на Белингем ќе му биде укината суспензијата, исто како и за колегата од првиот тим на Гетафе, Мејсон Гринвуд, кој беше исклучен за слично однесување на мечот против Рајо Ваљекано во јануари.

„Тој не го навредуваше судијата. Зборуваше на англиски и само рече: „Тоа беше гол“, изјави Карло Анчелоти по натпреварот.

ПретходноДерби натпреварите во хрватското првенство ќе ги судат странски судии!
СледноДе Лигт: Не е Тухел, ние сме виновни за овој хаос