Даниеле Де Роси седна на клупата на Рома по отказот на Жозе Мурињо и ја препороди. По победата над Монца со 4:1 тимот се искачи на петтото место на табелата во Серија А со четири бода помалку од четвртопласираната Болоња.
Тимот реди победи игра ефикасно, токму она што и треба на Рома. Де Роси во јануари потпиша шестмесечен договор вреден половина милион евра. На три месеци пред истекот раководството на клубот планира да му го продолжи, пренесува „Калчомеркато“.
Неофицијално екс-светскиот шампион со Италија ќе стави потпис на двегодишен договор со повисока плата.