Тен Хаг по поразот: Можевме да победиме, нијанси решаваа!

388

Менаџерот на Манчестер Јунајтед – Ерик тен Хаг, го прокоментира поразот на неговиот тим со 1:3 во градското дерби против екипата на Манчестер Сити од 27. коло на англиската Премиер лига. Според холандскиот стручњак, неговите играчи можеле да заминат како победници.

„Момците дадоа се од себе. Имавме двајца играчи на теренот кои не беа 100 отсто подготвени, а тоа се Еванс и Рашфорд. Како тим дадовме се. Играта беше добра, но ние сме разочарани од резултатот.

Се бореа тимски, играа тимски. Можевме да победиме. Не делеа мали нијанси, но тоа е она што е. Шанса имаше Рашфорд, шанса имаше Гарначо, можевме да одиме и 2:0. Можеме да се бориме со секого. Не заборавајте дека Манчестер Сити е најдобриот тим во светот во моментов“, изјави Тен Хег.

ПретходноПознато е колку треба да плати Барселона за да го ангажира Де Зерби
СледноПо освојување на Купот, Стојановска најави: Лесно ќе ја освоиме и шампионската титула