Уште една одлична партија на Тиквеш и тоа на гости и тоа на Чаир кај лидерот на табелата. Тие 0:0 и тој освоен бод за кавадарчани се големи како планина. Да, секоја чест на играчите на Тиквеш, но секоја чест и за тренерот Ѓорѓи Мојсов кој тактички се надмудруваше со својот колега Младен Жижовиќ и успеа да дојде до бод.
Ретко кој останал непоразен на Чаир, ете тоа му успеа на Мојсов и неговите момци и затоа според „СпортСпорт“ е тренер на 21.коло во ПМФЛ.