УЕФА и официјално го потврди она што одамна се најавуваше, промените европскиот клупски фудбал од сезоната 2024/25. Лигата на шампионите ќе се игра во нов формат со 36 екипи, а со тоа ќе се зголеми бројот на екипи за четири, но и бројот на натпревари што ќе ги одиграат екипите во првата фаза.
Во Лигата на Шампионите и Лига Европа секој тим ќе добие осум противници кои ќе бидат поделени во четири групи по два тима во зависност од квалитетот и ќе бидат одиграни вкупно осум натпревари (четири на домашен терен и четири на гостински), додека во Конференциската лига секој тим ќе настапи против шест противници.
Тимовите кои ќе завршат од првата до осмата позиција влегуваат директно во осминафиналето, тимовите пласирани од деветтата до 24. позиција ќе се сретнат во нокаут плеј-оф рунда за пласман во осминафиналето, додека тимовите од 25. до 36. позиција ќе бидат елиминирани од натпреварувањето.
Нокаут фазата останува во досегашниот формат со по два елиминациски натпревари – на домашен и на гостински терен, а и големото финале ќе биде одлучено во еден натпревар.
Клубовите ќе имаат зголемување на финансиите и наградите од УЕФА, но и од зголемениот број на натпревари ќе добијат поголема можност за заработка преку резултатите и тв-правата.
An exciting new era for European club football awaits 🤩
Here’s how the #UCL will look from 2024/25 👇 pic.twitter.com/mEffFOpX2O
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) March 4, 2024