Левиот бек на белгискиот Гент, Арчи Браун, може да се пресели во еден од најдобрите европски клубови во текот на претстојниот летен преоден рок, пренесува британското издание „The Guardian“.
Според изворот, англискиот Челзи како и италијанските Јувентус и Милан се борат за потписот на 21-годишниот англиски дефанзивец. Гент ќе биде подготвен да се раздели со својот играч за ни помалку, ни повеќе, туку од 20 милиони евра.
Челзи сериозно се насочил кон Браун. Раководството на лондонскиот тим има намера да најде силна замена за Бенџамин Чилвел.
Браун игра за Гент од летото 2023. Во оваа сезона, дефанзивецот одигра 29 натпревари во сите натпреварувања, на кои забележа две асистенции. Договорот на играчот со неговиот сегашен клуб е со важност до крајот на јуни 2027. Очекуваната цена на играчот според порталот Трансфермаркт е 5 милиони евра.
🚨 Chelsea, West Ham, Juventus, AC Milan, Nice and Lyon are all interested in signing Gent’s 21-year-old English left-back Archie Brown.
(Source: Standard) pic.twitter.com/eIOkbwpIQq
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) March 2, 2024