Феникс го запиша вториот пораз во низа, откако на домашен терен беше совладан од Оклахома со 110-118. Мечот го одбележа Јусуф Нуркиќ со настап каков што НБА-лигата нема видено до 2010 година.
Босанскиот центар го урна рекордот на Санс по бројот на скокови на еден меч. Против Оклахома имаше 31 скока. Ченлдер и Силас го држеа рекордот со 27 скокови. Оваа сезона никоја не фатил повеќе од 26 скока, па токму затоа Нуркиќ засега е рекордер.
Што се однесува до општиот рекорд, истиот е во сопственост на Вилт Чембрлен, кој запиша 55 скока на мечот против Бостон во 1960 гдоина. Инаку, НБА-лигата не памети настап како на Нуркиќ од 2010 година кога Кевин Лав имаше 31 скок.
Бостон го декласираше Голден Стејт со 140-88. Најдобрата екипа во лигата ја оствари и најубедливата победа во историјата, додека Вориорс го доживеаја најубедливиот пораз. Бостон на полувремето водеше 82-38, предноста од 44 поени разлика е најголема од кога постои франшизата.
Браун имаше 29 поени, на другата страна Стеф Кари не играше во второто полувреме и мечот го заврши со четири поени.
Резултати: Орландо – Детроит 113-91, Торонто – Шарлот 111-106, Кливленд – Њујорк 98-107, Сан Антонио – Индијана 117-105, Феникс – Оклахома 110-118, Далас – Филаделфија 116-120, Бостон – Голден Стејт 140-88, Минесота – ЛА Клиперс 88-89.