Пике: Лапорта да каже каква е состојбата во Барса, а не да продава магла

2093

Барселона има огромни финансиски проблеми, а тоа се одразува и на резултатите на тимот. Поранешната ѕвезда на тимот, Жерар Пике жестоко го критикуваше првиот човек на клубот, Жоан Лапорта за состојбата со каталонскиот гигант.

„Она што луѓето го сакаат е да ја знаат вистината, реалната ситуација во Барселона и да се соочат со неа. Ако реалноста е „таква и таква“, тогаш треба да се каже таква каква што е. Не можете да давате лажна надеж, да продавате маглата и да велите: „Ќе ја освоиме Лигата на шампионите“, а немате пари за да се натпреварувате. Не знам каква е моменталната ситуација во клубот, но мислам дека членовите би сакале да ја дознаат вистината“, вели Пике, а потоа продолжи со истиот тон:

„Ако клубот навистина нема пари, не е нормално да велиш дека ќе потпишеш со Халанд. Како го направи тоа? Не го велам тоа затоа што сега се појави таа гласина. Мора да бидете реални и да гледате на работите што се случуваат околу вас. Низ историјата, членовите на клубот секогаш биле таму. Треба да им веруваме на луѓето од Ла Масија, тие се добри и талентирани. Тие работат напорно и ние треба да се обидеме да ја освоиме лигата со нив“, вели Пике.

ПретходноБерарди мора на операција, ќе паузира до крајот на годината!
СледноБањаја потпиша нов договор со Дукати