Полицијата во Ливерпул се подготвува за можни нереди пред дербито со Манчестер Сити

304

Полицијата во Ливерпул презема сериозни безбедносни мерки за доаѓањето на екипата на Манчестер Сити на дербито в недела. Според информациите на печатот, навивачите на „црвените“ може да се случи да фрлаат разни предмети кон автобусот со кој ќе дојдат шампионите, нешто што во декември се случи со автобусот на Манчестер Јунајтед. Тогаш беше уапсен 23-годишен навивач на Ливерпул, а полицијата сега ќе се обиде да спречи вакви слични инциденти на улиците и приодите кон стадионот.

Постојаната битка во последните сезони меѓу тимовите на Јирген Клоп и Хосеп Гвардиола доведе и до зголемување на тензијата меѓу навивачките табори на двата тима. Манчестер Сити го намали бројот на места што ги доделува за гостинските навивачи на Ливерпул, а најверојатно и на „Енфилд“ нема да има премногу гостински фанови во секторот предвиден за нив.

ПретходноПрвиот човек на ФИА обвинет за местење резултати во Формула 1?
СледноБерарди мора на операција, ќе паузира до крајот на годината!