Судии за ПМФЛ: Ставрев ќе им суди на Вардар и Работнички, меч кој се игра на Маџари!

1632

Во среда на 06.03.2024, со почеток од 14 часот се играат сите шест средби од 22.коло во ПМФЛ. Соседското дерби меѓу Вардар и Работнички ќе биде во преден план, а се игра на Маџари. Требаше да биде поинаку, да се игра на Арената, но сепак ќе се игра на “Борис Трајковски“.

Инаку главен судија на оваа средба ќе биде Александар Ставрев од Скопје.

Во продолжение можете да ги видите двојките и судиите на сите мечеви од 22.коло во ПМФЛ:

ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 22.КОЛО – СРЕДА (14 Ч)

Вардар – Работнички: Александар Ставрев (Скопје)

Брегалница – Шкупи: Александар Грујоски (Кичево)

Тиквеш – Силекс: Марјан Младеновски (Скопје)

Струга ТЛ – Македонија ЃП: Ндерим Тефику (Куманово)

Воска – Гостивар: Димитар Пилешков (Штип)

Брера – Шкендија: Стојанче Трпчевски (Кавадарци)

ПретходноГРК Охрид го промени врвот, сега Пелистер е лидер во плеј-офот!
СледноФудбалер на Гент на „радарот“ на Челзи, Јувентус и Милан