Монструозно прво полувреме со пет гола во домашната мрежа го однесе Арсенал до уште една нова, убедлива победа во Премиерлигата. Момците на Микаел Артета на гостувањето на „Брамал Лејн“ вечерва се решија за само петнаесетина минути игра, кога веќе резултатот беше 0:3 во полза на лондончани.
„Топчиите“ по неполни 5 минути со голот на Одегард поведоа со 0:1, а на 0:2 зголеми Богал со автоголот во 13. минута. Бразилецот Мартинели веќе во 15. минута обезбеди 0:3 за гостите, кои до крајот на полувремето уште двапати ја погодуваа домашната мрежа. На 0:4 зголеми Хаверц (25′), додека петтиот гол беше дело на Рајс (39′).
Во вториот дел Арсенал малку забави во темпото, но сепак, Вајт во 58. минута успеа да погоди и за 0:6, што на крајот се покажа и како конечен резултат на средбата. Арсенал и натаму останува на 3. место на табелата со еден бод зад вторпопласираниот Манчестер Сити и два бода зад лидерот Ливерпул.