ВМФЛ: Дерби во Радовиш, Детонит го дочекува Пелистер во битка за прва лига!

304

Денеска од 14 часот се играат сите мечеви од 19.коло во ВМФЛ. Дербито се игра во Радовиш, каде Детонит го дочекува Пелистер.Ова е битка за второто место на табелата кое води директно пласман во ПМФЛ. Пред мечот Детонит има 38 бода а Пелистер четири повеќе. Ова значи дека радовишани мора по секоја цена да победат, секој друг резултат му оди во прилог на тимот од Битола.

Сите други мечеви се во длабока сенка на дуелот во Радовиш.

Лидерот Беса му гостува на последниот на табелата, тимот на Саса, јасно е тука кој е голем фаворит и кој би требало да слави. Вардар (Н) се среќава со Охрид, додека Караорман го дочекува Скопје. Кожув игра со Арсими, Тетекс му гостува на Новаци, уште играат Беласица – Башкими и Осогово – Победа.

ДВОЈКИ ЗА 19.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)

Вардар (Н) – Охрид

Караорман – Скопје

Кожув – Арсими

Детонит – Пелистер

Саса – Беса

Новаци – Тетекс

Беласица – Башкими

Осогово – Победа

ТАБЕЛА

Беса 47, Пелистер 42, Детонит 38, Арсими 32, Вардар (Н) 27, Охрид 27, Башкими 27, Скопје 25, Кожув 24, Беласица 24, Новаци 22, Тетекс 19, Победа 16, Осогово 15, Караорман 15, Саса 8

Претходно„Топчиите“ се распукаа на „Брамал Лејн“: Шест гола во мрежата на Шефилд Ј.
СледноЛилард броеше до 41! Нема крај на серијата порази на Вашингтон (ВИДЕО)