Попладнево се одиграа сите осум средби од 19.коло во ВМФЛ. Секако дека најинтересно беше на дербито во Радовиш, каде се сретнаа третиот на табелата Детони и вториот Пелистер. Голема победа славеа домашните со 1:0 и тоа со голот на Стефан Бабунски. Треба да се каже дека во второто полувреме Благоја Љамчевски не реализира пенал, поточно голманот Георгиев го одбрани неговиот удар.
Во 84.минута Фејзуловски имаше зицер за 2:0, но сепак ова дерби заврши со 1:0. Сега Пелистер има само бод предност пред Детонит во битката за тоа второ место кое води директно во ПМФЛ.
Лидерот Беса пак со 0:3 славеше на гостувањето кај Саса со головите на Алексовски два и Драгарски.
Скопје со 0:1 го победи Караорман во Струга, со истиот резултат Охрид славеше кај Вардар Неготино, без голови заврши средбата Осогово – Победа.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 19.КОЛО
Белсасица – Башкими 0:0
Детонит – Пелистер 1:0
Саса – Беса 0:3
Караорман – Скопје 0:1
Кожув – Арсими 0:2
Новаци – Тетекс 1:1
Осогово – Победа 0:0
Вардар (Н) – Охрид 0:1
ТАБЕЛА
Беса 50, Пелистер 42, Детонит 41…