Ужасни вести доаѓаат од таборот на Валенсија. Имено стоперот Муктара Дијакаби на мечот со Реал се здоби со тешка повреда, откако врз него ненамерно стартуваше Чуамени. Се виде дека повредата е повеќе од сериозна уште кога играчите околу него се фатија за глава и повикаа лекарска помош. Чуамени остана бледо да гледа се она што се случува, се виде дека беше и тој во шок.
Bueno pues hay gente pensando que Joselu está recriminando algo a Diakhaby en el momento de su lesión. Fue de los más afectados y de los que estuvo más tiempo a su lado.
pic.twitter.com/QANo2Sz74t— Rubén Martín AS (@RubenMartinAS) March 4, 2024
Последните вести од Валенсија, барем оние што ги презентираат докторите велат дека ситуацијата е лоша, многу лоша, дури во прашање е и кариерата на Дијакаби.
“Скинати се предниот и задниот вкрстен лигамент, вкупно повредени се пет лигаменти. Ова е многу ретка повреда, но е страшна. Треба да се виде детално. Не знам колку ќе паузира. Видете, сега е важно Дијакаби повторно да почне да оди, за играње фудбале после ќе видиме“ докторот Енрике Гасталди.