Новинарите го „бомбардираа“ Енрике со прашања за Мбапе, а тој сите ги измами на ист начин (ВИДЕО)

237

Фудбалерите на ПСЖ вечерва играат во Сан Себастијан против Реал Сосиедад во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите, а Луис Енрике вчера на прес-конференцијата направи вистински спектакл, избегнувајќи на интересен начин прашања за Килијан Мбапе.

На првиот натпревар одигран пред неколку недели во Париз, ПСЖ победи со 2:0 и јасно е дека се на чекор до четврт-финалето, но сигурно е дека Сосиедад нема така лесно да се предаде.

Сепак, главна тема и понатаму се Килијан Мбапе, кој е на излезната врата од ПСЖ, што го покажа пред неколку дена и Луис Енрике кога на полувремето на дербито против Монако го извади францускиот напаѓач.

Енрике се уште не го совладал францускиот јазик и на прес-конференцијата секогаш има преведувач, а тоа беше случај и вчера. Секогаш кога тренерот на ПСЖ ќе слушне дека некој од новинарите го споменал Мбапе, на ист начин го избегнуваше прашањето.

“Не можам да го слушнам преводот во слушалките. Прашајте повторно… Не можам да слушнам, не го слушнав преводот повторно. Не можам да го слушнам преведувачот и ми е комплицирано да разберам што зборува Го спомна Килијан и веднаш знам дека тоа е комплицирано прашање“, рече тој низ смеа и продолжи.

„Слушнав дека го спомна Килијан, ајде прашај повторно. Ќе игра ли Килијан? Можеби ќе игра, можеби не. Сè е можно“.

Енрике ги мачеше француските новинари секогаш кога некој ќе го спомне Мбапе и ќе рече дека нема преведувач, но кога дојде редот на Шпанците немаше спас и мораше да одговори на сите прашања.

Уште по прес-конференцијата беше објавено дека преводот е совршено во ред и дека Енрике намерно создавал конфузија за да добие што помалку прашања на француски, што на крајот му успеало.

За потсетување, вечерашниот натпревар помеѓу Сосиедад и ПСЖ започнува од 21 часот, а во Минхен во истиот термин се среќаваат Баерн – Лацио.

ПретходноЛилард броеше до 41! Нема крај на серијата порази на Вашингтон (ВИДЕО)
СледноСкај откри зошто Чаби Алонсо ќе го одбере Баерн пред Ливерпул