Неверојатниот Ненад Димитријевиќ, сам ја победи ЦСКА (М) на Емил Рајковиќ во големото дерби на ВТБ лигата. Уникс Казан славеше на гостувањето во Москва со 84:78, во меч во кој нашиот репрезентативец постигна 38 поени и беше незадржлив за домашните кошаркари.
Нено имаше перфектни 8/8 за два поени и 4/5 за тројка на кои придодаде и 12/13 од линијата за слободни фрлања. Едноставно не знаеше да промаши, а Рајковиќ и неговите соиграчи не успеаја да најдат адекватно решение за него.
Со оваа победа Уникс Казан го презема челното место на табелата во ВТБ лигата со една победа повеќе од екипата на ЦСКА.