Утре во меч од 22.коло во тековната сезона во ПМФЛ, Работнички во “соседското дерби“ ќе му гостува на Вардар на стадионот “Борис Трајковски“ во скопско Маџари.
По победата над Брегалница од 2:0, во меч одигран на Арената, сите во таборот на Работнички посакуваат победа и утре против Вардар.
Тоа го вели и репрезентативниот голман на тимот од Градски парк, Игор Алексовски:
„Утре нѐ очекува уште еден тежок првенствен натпревар, градското дерби против Вардар. По триумфот над Брегалница, би сакале да продолжиме во ист стил и на следниот меч. Го респектираме максимално Вардар, противникот е значително засилен во однос на првиот дел од сезоната, но ние сме подготвени за надигрување. Се надеваме дека ќе успееме да стигнеме до нов успех“.