Фудбалскиот клуб Барселона минува низ многу тежок и бурен период, но некои работи одат во склад со големината на клубот, а тоа е и реновирањето на стадионот „Камп Ноу“.
Денеска на социјалните мрежи се појавија видеа на идниот најголем стадион во Европа, кој ќе има капацитет од околу 105.000 седишта. На стадионот ќе го има најголемиот покрив од сите стадиони во Европа.
Барса ќе се врати на својот стадион наесен, бидејќи на 29 ноември ќе слави 125 години од клубот, но дотогаш нема да биде целосно реновиран, туку околу 65%. Тимот ќе може да игра на него, а навивачите ќе бидат на дел од трибините кои ќе бидат отворени додека траат градежните работи.
Spotify Camp Nou 🤩
[@FCBarcelona] pic.twitter.com/71Dwf1Tbhv
— Bᴀʀᴄ̧ᴀVᴇʀsᴇ (@BarcaVerse_) March 5, 2024