Директорот на Борнмут си заминува, дали се сели во Ливерпул?

386

Техничкиот директор на Борнмут, Ричард Хјуз, ќе ја напушти функцијата на крајот на сезоната.

Името на Хјуз во последно време се споменува за директорската функција во Ливерпул, затоа што водечката структура на „црвените“ ќе претрпи сериозни промени на лето.

Како што е познато, спортскиот директор Јерг Шмадке веќе си замина по завршувањето на зимскиот преоден рок.

Името на Ричард Хјуз не е единственото што се споменува како нов директор на Ливерпул. Поранешниот директор на „црвените“, Мајкл Едвардс, исто така беше поврзуван со враќање во тимот, а на листата на можен нов шефо на Ливерпул е и директорот на Баер Леверкузен, Симон Ролфес.

ПретходноБарселона замената за Чави ја најде во Португалија?
СледноЛШ: Баерн и ПСЖ покажаа класа за пат во четвртфинале (ВИДЕО)