За дербито со Сити: Гравенберх и Салах се враќаат во тимот на Клоп

138

Холандскиот играч за врска во дресот на Ливерпул, Рајан Гравенберх, објави фотографија на Инстаграм како со насмевка влегува во новата база на клубот во Киркби. На него е прикажан играчот од средниот ред без патерици по повредата здобиена за време на финалето на Лига купот против Челзи.

Тоа би била одлична вест за Јирген Клоп пред неделното дерби со Манчестер Сити, откако се дозна дека и Мохамед Салах е целосно закрепнат и напорно тренира за пресметката со „граѓаните“. И Куртис Џонс, кој исто така беше повреден, пристигна во тренинг центарот Киркби заедно со Ендрју Робертсон.

Сепак, амбулантата кај „црвените“ останува подолга, откако повредите на  Алисон Бекер, Трент Александер-Арнолд, Стефан Бајчети и Тиаго Алкантара не се санирани.

ПретходноБарса покажа како ќе изгледа најголемиот стадион во Европа (ВИДЕО)
СледноСнегот го откажа и велеслаломот на Крањска Гора