Индијан Велс: Ѓоковиќ може да биде задоволен, можна епска класика во полуфинале!

245

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ до дозна патот по кој треба да чекори за да ја освои титулата на Мастерсот во Индијан Велс, кој е закажан од 6 до 17 март. Србинот по осум долги години ја посакува титулата во Калифорнија, а по ждрепката може да биде задоволен.

Ѓоковиќ е во иста половина од костурот со Русинот Данил Медведев и неговиот најголем ривал низ кариерата Рафаел Надал кој се враќа на теренот во Индијан Велс. На другата страна се бранителот на титулата Карлос Алкараз и шампионот на Австралија опен, Јаник Синер.

Новак е слободен во првото коло, а во второто ќе игра против австралискиот репрезентативец Александар Вукиќ или квалификант.

Најверојатно Ѓоковиќ во третото коло ќе го пречека Аргентинецот Томаш Мартин Ечевери за во следната фаза од турнирот да следи меч против домашниот тенисер Томи Пол.

Србинот го чека потенцијално многу потешка задача во четвртфиналето, бидејќи ждрепката го води до големиот Полјак Хуберт Хуркач.

Во полуфиналето можевме да гледаме епска класика, дуел меѓу Ѓоковиќ и Надал, под услов Шпанецот да одигра на највисоко ниво и над сите очекувања во Индијан Велс, но многу пореално е Србинот да ги одмери силите со Медведев на оваа фаза од Мастерс.

За титулата Ѓоковиќ најверојатно ќе се бори против вториот играч во светот Карлос Алкараз или ќе бара одмазда за поразот во борбата за трофејот на Австралија опен во мечот против Јаник Синер.

ПретходноСкај откри зошто Чаби Алонсо ќе го одбере Баерн пред Ливерпул
СледноНеверојатни 7 милиони денари за добивки, им се исплатени на играчите на 2win.мк