Лилард броеше до 41! Нема крај на серијата порази на Вашингтон (ВИДЕО)

78

Кошаркарите на Милвоки вечерва го победија Лос Анџелес Клиперс со 113:106. Демијан Лилард ги преддводеше Бакси со 41 поен, зад него беше Портис со 28 поени и 16 скока. Кај Клиперс подобри од останатите беа Пол Џорџ и Џејмс Харден со по 29 поени.

Милвоки е втор во Источната конференција со 41 победа и 21 пораз, а Клиперси се четврти на Западот со 39 победи и 21 пораз.

Вашингтон го забележа 15. пораз по ред, откако беше поразен од Јута со 115:127.

Најдобар во победата кај Јута беше Кларксон со 38 поени, 10 скока и седум асистенции, додека кај Вашингтон се истакна Џордан Пул со 32 поени.

Јута е 11-та во Западната конференција со 28 победи и 34 порази, а Вашингтон го забележа 52-от пораз сезонава и е на последното место на Истокот со девет победи.

Лос Анџелес Лејкерс на домашен терен ја победи Оклахома со 116:104.

Лејкерси до победата ги предводеа Д’Анџело Расел со 26 поени, Ентони Дејвис со 24 поени и 12 скока и Леброн Џејмс со 19 поени, 11 скока и осум асистенции, додека кај Оклахома се истакна Шаи Гилјус-Александер со 20 поени и седум скокови.

Резултати: Бруклин – Мемфис 102:106, Милвоки – ЛА клиперс 113:106, Минесота – Портланд 119:114, Јута – Вашингтон 127:115, Сакраменто – Чикаго 109:113, ЛА лејкерс – Оклахома 116:104.

ПретходноВМФЛ: Дерби во Радовиш, Детонит го дочекува Пелистер во битка за прва лига!
СледноНовинарите го „бомбардираа“ Енрике со прашања за Мбапе, а тој сите ги измами на ист начин (ВИДЕО)