ЛШ: Ќе добие ли Тухел уште вечерва „клоца“? Мбапе и ПСЖ ставаат печат на четвртфиналето!

106

Вечерва од 21 часот се играат првите реванш мечеви од 1/8 финалето во тековната сезона во ЛШ. На „Алијанц Арената“ во Минхен, домашниот Баерн го дочекува Лацио, тим кој што на првата средба триумфираше со 1:0 и со предност ќе го започне овој реванш.

Баерн Минхен вечерва мора да оди натаму, во спротивно Томас Тухел добива предвремен отказ.

Такви се барем најавите. Останува да сочекаме до вечерва.Image

Во Сан Сабестијан тимот на Сосиедад се среќава со ПСЖ. Познато е дека Килијан Мбапе и компанија имаат 2:0 во првиот меч, се очекува тимот од Париз да го завери својот пласман во следната фаза, во четвртфиналето.

ДВОЈКИ ЗА ВЕЧЕРВА – 1/8 ФИНАЛЕ (РЕВАНШИ) – 21 Ч

БАЕРН МИНХЕН – ЛАЦИО (0:1)

СОСИЕДАД – ПСЖ (0:2)

*Во загради се резултатите од првите мечеви

ПретходноЖени: Македонија во група со Словенија, Молдавија и Летонија!
СледноЈувентус ја одбра замената за Алегри