За разлика од неговиот татко Јос Верстапен, светскиот првак во Формула 1 Макс Верстапен му дава целосна поддршка на својот шеф во Ред Бул, Кристијан Хорнер.
Познато е дека Хорнер се поврзува со скандал во тимот на Ред Бул со една од вработените.
Некогашниот возач на Ф1 и татко на Макс, Јос Верстапен јавно побара за доброто на тимот Хорнер да си оди.
Сепак се знае дека Макс е главниот фактор, а тој му дава целосна поддршка:
“Кога ќе видите како Кристијан работи тогаш јасно е дека тој е супер шеф. Тоа не се доведува во прашање и тоа за мене е најважно. Разговаравме во неколку наврати, тој е вознемирен, но ние двајцата продолжуваме да работиме заедно“ истакна светскиот првак.
Ова може да се сфати како јавна поддршка од трикратниот светски првак до Хорнер со цел да остане во тимот на Ред Бул.