Нетфликс ќе снима серија за тројната круна на Манчестер Сити

81

Стриминг сервисот Нетфликс ќе објави документарен серијал посветен на сезоната 2022/23 во која „граѓаните“ ја комплетираа тројната круна, освојувајќи ја Премиер лигата, ФА Купот и Лигата на шампионите.

Се очекува серијалот да има 6 епизоди, а трејлерот ќе биде објавен оваа недела.

Според „Дејли Мејл“, Нетфликс му платил на клубот седумцифрена сума за правата за снимање на серијата. Сити ќе биде првиот тим од Премиер лигата кој ќе има серија објавена на оваа платформа.

ПретходноАлексис Санчез одбил неколку понуди за да остане во Интер и следната сезона
СледноЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Баерн и ПСЖ тргнаа кон четвртфиналето